Интегрален текст на градоначалникот Димитар Костадиноски по повод отворањето на детската градинка во населено место Прељубиште.
Почитувани Пратеници, Почитувани колеги Градоначалници, Почитувани мои сограѓани и гости.
Ви благодарам што не удостоивте со Вашето присуство на овој свечен чин да посведочите за уште еден капитален проект во општина Јегуновце.
Ветеното се остварува, а општината денес е вистински сервис на граѓаните.
Општина Јегуновце денес е отворена и транспарентна институција, а јас како градоначалник сум постојано достапен за граѓаните. Мојата канцеларија и вработените во општина Јегуновце се секогаш на располагање и ги решаваме сите проблеми кои се од локална надлежност.
Во согласност со мојата програма и барањата на моите сограѓани, Ве информирам дека во изминативе месеци работевме вредно и посветено и успеавме да завршиме неколку капитални проекти и тоа:
* Завршена изградбата на колекторот за фекална канализација од с. Жилче до с. Шемшово и пуштање на употреба на фекалната канализација во Жилче.
* Во завршна фаза изградба на два мини паркови за деца во населените места Јанчиште и Јегуновце.
* Комплетна реконструкција на „ОУ Симче Настовски“ во Вратница и тоа: – поставена е нова термо фасада,
– реновиран целиот внатрешен дел на училиштето и
-инсталирано парно греење на пелети.
* Со помош на наш иселеник од Америка, изградивме кошаркарско игралиште во село Сиричино,
* Изградивме локални улици со бехатон плочки во повеќе населени места.
* Обезбедивме пластични канти за комунален отпад и истите ќе бидат поделени на секое домаќинство.
(more…)