Вести, Известувања|

На ден 17.05.2024 година од 09 часот до 11 часот планирани се еколошки активности на неколку локации во општина Јегуновце, кои се организираат во соработка со MAN AND MOUNTAIN под мотото ,,GENERALKA WEEKEND” и претставува најголема еколошка акција за чистење на селектиран отпад која е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Акцијата ќе се спроведува на следниве локации:

  1. Јегуновце-Јанчиште
  2. Шемшово-Сиричино
  3. Шемшово-Жилче
  4. Жилче-Ратае

Би ни било чест и задоволство да заземете учество и дадете придонес со вашето присуство за почиста животна средина и почиста општина Јегуновце.

 

Close Search Window