
Грб и знаме
Општината има грб кој ја претставува Општина Јегуновце со нејзините основни обележја и карактеристики. Грбот е составен од штит на кој има неколку елементи.
Централен елемент е буквата „Ј“ која го симболизира името на општината. Во позадина се наоѓа приказ на планините во општина Јегуновце, фабрика која ја симболизира индустријата и ѕвездите кои ги симболизираат населените места во општината. Во долниот дел се наоѓа годината на основање на општината.
Грбот е усвоен во 1996 година.
Општината има знаме кое во основа е црвено а во левиот горен агол е аплициран грбот на општината. Единаесетте жолто обоени ѕвездички преставуваат единаесетте населени места, а разместеноста на ѕвездичките е соодветно со разместеноста на населените места на картата на Општина Јегуновце (согласно Одлуката за утврдување на знамето на Општина Јегуновце).
Знамето е усвоено во 1996 година.
Општина Јегуновце
Адреса: с. Јегуновце 1215, Република Северна Македонијa
Работно време: 08:00 – 16:00 (Понеделник – Петок)
Телефон: +389 (044) 397 766
E-mail 1: o-jegunovce@t.mk
E-mail 2: contact@opstinajegunovce.eu.mk