Во Општина Јегуновце има 17 облици на месна самоуправа (месни заедници) сите се рурални населени места.

Населени места (села): Беловиште, Вратница, Жилче, Јажинце, Јанчиште, Јегуновце, Копанце, Орашје, Подбреге, Прељубиште, Раотинце, Ратае, Рогачево, Сиричино, Старо Село, Туденце и Шемшево.

Граѓаните преку облиците на месната самоуправа се грижат за:

• решавање на прашањата од комуналната инфраструктура, изградба и одржување
на објекти од јавен интерес (водовод, улици, културни, спортски објекти и др.);
• заштита на животната средина;
• поткренување иницијативи за уредување на просторот;
• организирање на културни, спортски, забавни и други манифестации;
• други работи од непосредно секојдневно значење за животот и работата на граѓаните.

Close Search Window