ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВЕН УВИД

Врз основа на член 62 став 10 од Закон за урбанистичко планирање (службен весник на Р.С.М. бр. 32/2020), Урбанистички проект за инфраструктура вон опфат на урбанистички план за регулација на р. Вардар во полошкиот регион: К.О. Туденце, К.О. Копанце, К.О. Раотинце, К.О. Јегуновце – општина Јегуновце ќе биде објавен на службената веб страна за увид на јавноста во траење од 15 дена , за кое време засегнатите правни и физички лица може да доставуваат евентуални забелешки.

Прилог документи:

УПВОУП Регулација на Р.Вардар

 

 

Честитка по повод 11-ти Октомври

Локалната самоуправа на Општина Јегуновце, советот и  градоначалникот Димитар Костадиноски на сите жители на Македонија им го честитаат 11-ти Октомври Денот на вооруженото востание, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина.

11-ти Октомври 1941 година, Денот на вооруженото востание е симбол на исклучително значаен историски чин на македонскиот непокор и вековен стремеж за сопствена слобода на македонскиот народ. На овој ден им оддаваме најдлабока почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание кои беспоштедно ги дадоа своите животи за слобода на  Македонија.

Нека ни е честит 11- ти Октомври!

Поставени бехатон плочки на локална улица во населено место Копанце

Поставени бехатон плочки на локална улица во населено место Копанце.
Инвестираме во локалната патна инфрастуктура, инвестираме во подобри услови за живеење, ја менуваме инфраструктурната слика во Општина Јегуновце.
Во периодов како локална самоуправа превземаме инфраструктурни проекти поврзани со санација, рехабилитација и бекатонирање на локални улици и тротоари во неколку населени места низ општина Јегуновце.

(more…)

Одобрени два нови проекти од програмата за регионален рамномерен развој

Одобрени два нови проекти од програмата за регионален рамномерен развој.
– Со директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи денес потпишав договор за проект изграба на две нови улици во населените места Ратае и Жилче.
Проектот е во рамките на повикот на Бирото за регионален развој, за развој на урбаните подрачја, одржлив и урбан развој, развој на подрачја со специфични развојни потреби и развој на селата.
Општина Јегуновце е една од избраните општини во Полошкиот плански регион, според рамномерната застапеност на национално ниво, со два проекти.

Интегрален текст на градоначалникот Димитар Костадиноски по повод отворањето на детската градинка во населено место Прељубиште.

Интегрален текст на градоначалникот Димитар Костадиноски по повод отворањето на детската градинка во населено место Прељубиште.
Почитувани Пратеници, Почитувани колеги Градоначалници, Почитувани мои сограѓани и гости.
Ви благодарам што не удостоивте со Вашето присуство на овој свечен чин да посведочите за уште еден капитален проект во општина Јегуновце.
Ветеното се остварува, а општината денес е вистински сервис на граѓаните.
Општина Јегуновце денес е отворена и транспарентна институција, а јас како градоначалник сум постојано достапен за граѓаните. Мојата канцеларија и вработените во општина Јегуновце се секогаш на располагање и ги решаваме сите проблеми кои се од локална надлежност.
Во согласност со мојата програма и барањата на моите сограѓани, Ве информирам дека во изминативе месеци работевме вредно и посветено и успеавме да завршиме неколку капитални проекти и тоа:
* Завршена изградбата на колекторот за фекална канализација од с. Жилче до с. Шемшово и пуштање на употреба на фекалната канализација во Жилче.
* Во завршна фаза изградба на два мини паркови за деца во населените места Јанчиште и Јегуновце.
* Комплетна реконструкција на „ОУ Симче Настовски“ во Вратница и тоа: – поставена е нова термо фасада,
– реновиран целиот внатрешен дел на училиштето и
-инсталирано парно греење на пелети.
* Со помош на наш иселеник од Америка, изградивме кошаркарско игралиште во село Сиричино,
* Изградивме локални улици со бехатон плочки во повеќе населени места.
* Обезбедивме пластични канти за комунален отпад и истите ќе бидат поделени на секое домаќинство.

(more…)

Започна уште еден инфраструктурен зафат на проект, реконструкција и проширување на мост на регионалниот пат во населено место Шемшово

Започна уште еден инфраструктурен зафат на проект, реконструкција и проширување на мост на регионалниот пат во населено место Шемшово.
Со овој зафат значително ќе се подобрат условите за одвивање на сообраќајот на овие простори а жителите ќе можат без потешкотии да ги завршуваат своите обврски и безбедно да патуваат до потребната дестинација.
Овој проект се очекува целосно да биде реализиран престојните нелолку дена.

(more…)

Во општина Желино се одржа состанок на Центарот за развој на Полошкиот плански регион

Во општина Желино се одржа состанок на Центарот за развој на Полошкиот плански регион, на кој се разговараше за многу значајни теми кои секојдневно ги засегаат нашите граѓани.

(more…)

Во зафршна фаза е оградување на детската градинка Јаболчиња во с. Прељубиште

Во зафршна фаза е оградување на детската градинка Јаболчиња во с. Прељубиште.
Градоначалникот лично направи увид во градежните активности, каде констатирано беше дека градежните активности се одвиваат според пропишаните проектни стандарди.
Со овој зафат ќе биде комплетиран уште еден проект кој благодет ќе видат нашите деца.

(more…)

Започната  изградба на детски забавен парк во населено место Јанчиште и населено место Јегуновце

Започната  изградба на детски забавен парк во населено место Јанчиште и населено место Јегуновце.
Со оваа реализација ќе се подобрат условите на младите и сите жители од овие населени места, ќе можат непречено да спортуваат и се рекреираат.
Средствата се обезбедени од страна на центарот на полошко планскиот регион во соработка со општина Јегуновце.

(more…)

Честито нова учебна година на сите ученици и многу успех во школувањето

Честито нова учебна година на сите ученици и многу успех во школувањето.
Градоначалникот Димитар Костадиноски ги посети основните училишта од Јегуновце, на сите ученици им посака успех во школувањето а на првооделенците успешно добредојде.

(more…)

Accessibility