Вести, Известувања, Некатегоризирано|

Со цел унапредување на условите за работа на земјоделците и обезбедување полесен и побрз пристап до обработливите површини, целосно е пробиена и тампонирана трасата на земјоделскиот пат што ги поврзува с. Јанчиште и с. Рaотинце.

Во рамки на градежните активности поставени се и соодветни одводни цевки за ефикасна заштита на коловозот од атмосферски води, со што се создаваат услови за безбедно и непречено движење на земјоделската механизација во текот на целата година.

Општина Јегуновце останува посветена на континуирано вложување во руралната и земјоделската инфраструктура, во интерес на локалното население и развојот на земјоделството во општината.