Вести, Известувања|

Општина Јегуновце успешно реализираше уште една значајна инфраструктурна инвестиција насочена кон подобрување на безбедноста и условите за движење на жителите во населеното место Жилче.

Во рамки на проектот, комплетно е изграден нов пешачки тротоар долж регионалниот пат во должина од 800 метри, со што се создаваат побезбедни и поквалитетни услови за движење на пешаците.

Дополнително, поставени се и нови канделабри за улично осветлување, со што значително се подобрува осветленоста и видливоста во вечерните часови, а со тоа и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Општина Јегуновце продолжува со реализација на проекти кои придонесуваат за унапредување на локалната инфраструктура, подобрување на квалитетот на живот и создавање побезбедна, поуредна и попријатна средина за сите жители.