Вести, Известувања|

Општина Јегуновце со големо задоволство беше домаќин на бројни учесници и ентузијасти кои се собраа во Старо Село на традиционалниот планинарски и рекреативен настан во организација на ПСК „Стратус“.

Масовноста, позитивната енергија и спортскиот дух ја потврдија посветеноста кон здравиот начин на живот и активниот рекреативен спорт. Ваквите манифестации претставуваат одлична можност за промоција на природните убавини на нашата општина и потенцијалите на Шар Планина како врвна дестинација за туризам и планинарење.

Упатуваме огромни честитки до организаторите за беспрекорната реализација, како и до сите тркачи и планинари кои успешно го освоија врвот Љуботен (2.498 м.н.в.).

Како Општина Јегуновце, остануваме посветени на поддршката на сите иницијативи и спортски настани што ги обединуваат граѓаните, ја промовираат природата и ги негуваат вистинските вредности.

Честитки за сите учесници и до следниот спортски предизвик!