Вести|

Во организација на основното училиште во с.Жилче заедно со останатите подрачни училишта и соработка со општина Јегуновце на ден 01.04.2024 год. со најразлични акивности се одржа традиционалната Априлијада.

Дечињата се маскирани во нивните омилени маски и уживаа во убавите моменти и изненадувања кои ги очекуваа, за да го доживеат овој ден како што тие го заслужуваат.

Оваа убавина од бои и креативност на наставниците и родителите да ги маскираат своите деца во омилените јунаци, беше привилегија да се види, но и да им се оддаде признание.

Градоначалникот на општина Јегуновце г-дин Димитар Костадиноски и претседателката на Советот г-ѓа Валентина Марчевска ги поздравија сите ученици кои што беа собрани овде. Мотивот на маската е поттик ученикот да размислува на убавите работи кои го опкружуваат.

Close Search Window