

До подобри општини, со навремено подмирување данок на имот.
Општина Јегуновце како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“
Едукативната кампања „ Мојот данок, за мојата општина! “има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.
Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот.
Секој граѓанин-даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмируваме на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат: нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој.
Оваа кампања оттаму, цели и да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.
За да дознаете повеќе за данокот на имот погледнете го видеото:
Информации повеќе од летокот објавен на линкот: Мој леток!
Во тек е осмата седница на советот на општина Јегуновце на која што се носат значајни одлуки поврзани со функционирањето на општината. Пред советниците на дневен ред се повеќе точки на разгледување, кои се однесуваат на усвојување на финансиски извештаи, предлог – одлуки кои е однесуваат на тековни и идни активности и проекти што ќе се реализираат. Транспарентното работење на советот на општина Јегуновце ќе продолжи во иднина, а граѓаните секогаш ќе бидат информирани за одлуките што се носат од страна на телата и органите на општина Јегуновце.
Во соработка со општинското јавно претпријатие „Јегуновце“ започнавме акција за уредување на патот што води кон месноста „Пештер“ во Јегуновце. Со помош на механизација се расчистува градежниот шут и останат отпад долж патот кон „Пештер“ со што во понатамошна фаза ќе се прошири патот и целосно ќе се расчисти се со цел непречено движење кон месноста „Пештер“ што од година во година претставува атрактивна туристичка атракција за општина Јегуновце. Упатуваме апел до локалното население за поголема грижа и да не дозволиме да го загадуваме просторот кон „Пештер“, туку да придонесеме да ја заштитиме природата и туристичките места во општина Јегуновце.
На ден 28.02.2022 година со почеток во 11:00 часот се одржа шестта седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.
На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Валентина Марчевска, пристуни беа сите петнаесет советници и градоначалникот Димитар Костадиноски.
Во тек е шестата седница на советот на општина Јегуновце на која што се носат одлуки поврзани со функционирањето на локалната самоуправа и институциите под надлежност на општина Јегуновце. Пред советниците на дневен ред се повеќе точки на разгледување, од областа на образование, годишни сметки на основните училишта, јавни установи и градинката, функционирање на општинското јавно претпријатие, како и буџетско извршување на општина Јегуновце и повеќе други прашања кои се од сферата на локалната самоуправа. Транспарентното работење на советот на општина Јегуновце ќе продолжи во иднина, а граѓаните секогаш ќе бидат информирани за одлуките што се носат од страна на телата и органите на општина Јегуновце.