Вести, Известувања|

Општина Јегуновце официјално го стави потписот на договорот со Министерството за транспорт за реализација на нов значаен инфраструктурен проект — целосна изградба на улица со должина од околу 400 метри во населеното место Јегуновце.

Проектот се реализира со заедничко финансирање: дел од средствата се обезбедени од Министерството за транспорт преку Програмата од Декадата на Ромите, додека останатиот дел се кофинансира директно од буџетот на Општина Јегуновце.

Со оваа значајна инвестиција директно се подобрува локалната патна мрежа, се зголемува безбедноста во сообраќајот и се обезбедуваат поквалитетни услови за секојдневното живеење на жителите од овој дел на општината.

Општина Јегуновце продолжува со засилен интензитет и посветеност во реализацијата на проекти кои овозможуваат рамномерен развој и реален напредок за сите населени места.