Вести|

Градоначалникот на општина Јегуновце, беше во работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направи увид на започнати проекти:

  • Се работи на изградба на детски паркови во населените места Сиричино, Прељубиште, Шемшово, Јанчиште и Подбреѓе.
  • Во тек е оградување и уредување на дворот во основното училиште во населено место Јанчиште како и изградба на нова спортска трибина.
  • Во завршна фаза е изградба на крак од колектор за фекална канализација во Сиричино.
  • Екипи на ОЈП работат на расчистување на локалните и регионалните патишта од надвиснати гранки на територијата на општина Јегуновце.

Close Search Window