Работна средба со првиот градоначалник на Општина Јегуновце Филко Блажески

Јегуновце 24.11.2017 година – Во просториите на општинската зграда градоначалникот Дарко Блажески оствари работна средба со првиот градоначалник на Општина Јегуновце Филко Блажески.

На средбата се дискутираше на повеќе теми, разменети беа повеќе меѓусебни мислења од кој се очекува  допринос за успешна општина Јегуновце.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Работна средба на градоначалникот Дарко Блажески со градоначалникот на општина Теарце Исен Асани

Јегуновце 23.11.2017 година – Во просториите на општинската зграда во Јегуновце одржана е работна средба помеѓу градоначалникот Дарко Блажески и градоначалникот на општина Теарце Исен Асани.

На средбата беше дискутирано на повеќе теми за конкретни предмети со што одличната соработката помеѓу овие две општини и понатаму продолжува.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Симовска ја потврди титулата државен првак на Македонија

На Државното првенство за кадети, јуниори U21 кое се одржа на 19.11.2017 година во Скопје, Симона Симовска во нејзина категорија Јуниорки +59кг во една теска конкуренција ја потврди титулата од минатата година државен првак на Р.Македонија, додека Дора Сибиновска во категорија јуниорки -59 кг заврши на третата позиција.

Двете репрезентативки кои доаѓаат од Карате клубот ТИГАР 2003 Беловиште обезбедија учество на престојното Балканско првенство кое ќе се одржи од 8-10 Декември 2017 година во Херцег Нови – Р.Црна Гора, на кое воедно и ќе се борат за пласман на престојното Европско првенство за кадети, јуниори U21 кое ќе се одржи во период од 2-4 Февруари 2018 година во Сочи Русија.

Општина Јегуновце се гордее со карате клубот Тигар 2003 Беловиште кој доаќа од мало место а произведува каратисти кој се рамо до рамо со големите светски клубови.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Карате клубот „ТИГАР 2003“ од населено место Беловиште се врати со освоени 23 медали и соборен клубски рекорд од интернационалниот турнир „13 НОЕМВРИ“ одржан во Скопје

Општина Јегуновце 2017 година – Карате клубот „ТИГАР 2003“ од населено место Беловиште на интернационалниот турнир „13 Ноември“   одржан по повод ослободување на градот Скопје на кој активно учество имаат над 400 натпреварувачи  го оствари најголемиот клубски резултат и се врати со освоени 11 златни медали, 5 сребрени медали и 7 бронзени од кој: Славчо Мисајловски прво место ; Михаела Мишовска прво место; Никола Милевски прво место; Симона Симовска прво место; Дора Сибиновска прво место; Мелани Апостоловска второ место; Петар Ѓорѓевски второ место; Катја Апостоловска второ место; Сања Гавриловска второ место; Сара Матовска второ место; Ана Марија Мишовска трето место; Михаела Митовска трето место; Стефанија Савеска трето место; Катја Апостолоска трето место.

Машката ката екипа 2008 година, составена од: Мисајловски,Ѓорѓевски и Апостоловска 1 место; Женската ката екипа 2008 год составена од: Серафимовска,Апостоловска и Мисајловски 3 место; Женскиот тим во борба 2004-05 година составена од: Мишовска, Гавриловска и Мисајловски 1 место.

Општина Јегуновце предводена од градоначалникот Блажески се гордее на успесите на карате клубот „ТИГАР 2003“ и дава целоска подршка на истиот.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Одржана првата конститутивна седница на советот на Општина Јегуновце

10.11.2017 година – советот на општина Јегуновце ја одржа првата конститутивна седница. На истата беа верификувани мандатите на петнаесет нови советници на општината.

За претседател на Советот на Општина Јегуновце, беше избран Орхан Сабрии од ДУИ. Заблагодарувајќи се за својот избор тој истакна дека очекува успешна соработка со сите членови на советот од сите политички партии, во интерес на сите жители од оваа општина.

Во следните четири години за интересите на жителите на Опшина Јегуновце во соработка со градоначалникот Дарко Блажески, одлуки ќе носат вкупно петнаесет советници, од кои, шест има коалцијата предводена од СДСМ, пет од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, три се од ДУИ и еден од Народно Движење.

На конститутивната седница свое обраќање имаше и Градоначалникот Дарко Блажески, кој нагласи и се надева на добра соработка со членовите на советот, со што заедно ќе работат во интерес на сите жители на Општина Јегуновце.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

 

Дарко Блажески официјално ја презема функцијата градоначалник на Општина Јегуновце

08.11.2017 година – Дарко Блажески официјално ја презема функцијата градоначалник на Општина Јегуновце.

По преземањето на функцијата од страна на досегашниот градоначалник Тони Коцески новоизбраниот Дарко Блажески се заблагодари на укажаната доверба и изрази уверување дека ќе биде градоначалник на сите жители на Општина Јегуновце, како и тоа дека ќе работи одговорно,чесно и транспарентно.

Коцески му го честиташе новиот четиригодишен градоначалнички мандат и посака успеси во работењето и реализирање на сите проекти што ќе бидат во интерес на граѓаните.

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Честитка по повод Денот на независноста – 8 Септември

По повод 8-ми Септември Денот на независноста на Република Македонија, Градоначалникот Тони Коцески испрати честитки до сите граѓаните на Општина Јегуновце, во честитката се вели:

– Ми претставува посебна чест и задоволство во мое лично име и во името на Локалната самоуправа на Општина Јегуновце да ви го честитам 8-ми септември Денот кога пред точно 26 години граѓаните на Македонија го остварија стремежот и го трасираа патот на независна, демократска, самостојна, суверена и слободна Република Македонија.

Да ни е вечна и вековита Македонија !

Изготвил:Стојанче Антовски
Општина Јегуновце

Честитка по повод Курбан – Бајрам до сите граѓани од исламска веросиповед

Градоначалникот на Општина Јегуновце, Тони Коцески по повод празникот Курбан Бајрам упати честитка до сите верници од исламска вероисповед, во честитката се вели:

– Чест ми е во име на Општина Јегуновце и во мое лично име, по повод големиот верски празник Курбан – Бајрам, да ви ги упатам моите наискрени честитки за добро здравје, среќа и духовно прочистување, истакна во честитката градоначалникот Коцески.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце