Со инсталирање на овој систем променет е досегашниот начин на затоплување кој досега беше на огревно дрво, придобивките со инсталирање на топлотната пумпа се очекува да бидат одлични, ќе создадат одлични услови за топли простории и нормално изведување на работните задачи и одвивање на наставата во зимските денови а со тоа се очекува помала потрошувачка, заштеда на финансиски средства како и почиста животна средина.
– За мене како Градоначалник на Општина Јегуновце од посебна важност се инвестициите во образованието, ќе продолжиме да ги исполниме дадените ветувања.



