Вести|

Успешно спроведена еколошка акција за чистење на зелените површини на територија на општина Јегуновце.

Еколошка акција се одржа денес на иницијатива покрената од градоначалникот на општина Јегуновце во соработка со директорот на основното училиште „Шемшово“ . Во акцијата учествуваа учениците од основните училишта во населените места Жилче и Шемшово заедно со своите класни раководители и предметни наставници како и екипа од општинското јавно претпријатие. Еколошката акција се спроведе на релација Жилче – Ратае и Шемшово – Сиричино која беше наменета за целосно чистење на отпадот.

Се надеваме дека вакви исти или слични акции ќе се реализираат повеќе во иднина со цел почиста, поздрава и побезбедна средина за живеење.

Благодарност до сите учесници за успешно реализираната еколошка акција.

Close Search Window