Одржана втора седница на Советот на Општина Јегуновце

Денес 30.11.2017 година со почеток во 10 часот  се ордржа втората седница на советот на Општина Јегуновце во салата за состаноци на општинската зграда.

На седницата претседаваше претседателот на советот на општина Јегуновце Орхан Сабрии, а дневниот ред содржеше 15 точки.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

ОДРЖАНА СЕДМА ПО РЕД ШАРПЛАНИНСКА КОСТЕНИЈАДА – САЕМ НА КОСТЕНОТ, МЕДОТ И ВИНОТО

Месец Ноември на локалитетот викан ПЕТAЧКО ВОДИЧЕ во с.Беловиште Општина Јегуновце, традиционално се одржа седма по ред меѓународна манифестација ШАРПЛАНИНСКА КОСТЕНИЈАДА организирана од страна на Институт за одржлив, рурален регионален развој-БЕЛА ВИСТА.

Манифестацијата  ги исполни  своите задачи за заштита и промоција  на костенот,медот и виното. Покрај основната  цел  успеа  во заложбата  да  привлече голем  број  учесници и гости од повеќе категори.

Семот ги обедини сите учесници производители на мед и медни производи, малите семејни винарии и сертифицирани одгледувачи на органски производи од регионот со наделеку познатото тетовско гравче, јаболка тетовка и ред  други култури, кои се предхотни проекти на Бела Виста-ИОРРР.

Годинешното одбележување е седмо по ред, малку на број граѓански организации успеале во одржливоста и континитуетот, додека  тимот на  Бела Виста  секоја  година ја надградува манифестацијата и ја зголемува посетеноста, која  и оди  во прилог на севкупниот  развој и популаризација на Општина Јегуновце и останатите  во регионот.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

 

Претставници на ОБСЕ/ОДИХР во работна посета на Општина Јегуновце

Денес 24.11.2017 година во просториите на општина Јегуновце беше одржана работна средба помеѓу градоначалникот Дарко Блажески и претставници на ОБСЕ/ОДИХР.

На оваа средба градоначалникот Блажески им објасни на претставниците на ОБСЕ/ОДИХР за состојбата на локалната самоуправа,  потреби со кој се соочуваат жителите од оваа општина, додека разговарано беше и за  други поврзани теми од оваа област.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Работна средба со првиот градоначалник на Општина Јегуновце Филко Блажески

Јегуновце 24.11.2017 година – Во просториите на општинската зграда градоначалникот Дарко Блажески оствари работна средба со првиот градоначалник на Општина Јегуновце Филко Блажески.

На средбата се дискутираше на повеќе теми, разменети беа повеќе меѓусебни мислења од кој се очекува  допринос за успешна општина Јегуновце.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Работна средба на градоначалникот Дарко Блажески со градоначалникот на општина Теарце Исен Асани

Јегуновце 23.11.2017 година – Во просториите на општинската зграда во Јегуновце одржана е работна средба помеѓу градоначалникот Дарко Блажески и градоначалникот на општина Теарце Исен Асани.

На средбата беше дискутирано на повеќе теми за конкретни предмети со што одличната соработката помеѓу овие две општини и понатаму продолжува.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Симовска ја потврди титулата државен првак на Македонија

На Државното првенство за кадети, јуниори U21 кое се одржа на 19.11.2017 година во Скопје, Симона Симовска во нејзина категорија Јуниорки +59кг во една теска конкуренција ја потврди титулата од минатата година државен првак на Р.Македонија, додека Дора Сибиновска во категорија јуниорки -59 кг заврши на третата позиција.

Двете репрезентативки кои доаѓаат од Карате клубот ТИГАР 2003 Беловиште обезбедија учество на престојното Балканско првенство кое ќе се одржи од 8-10 Декември 2017 година во Херцег Нови – Р.Црна Гора, на кое воедно и ќе се борат за пласман на престојното Европско првенство за кадети, јуниори U21 кое ќе се одржи во период од 2-4 Февруари 2018 година во Сочи Русија.

Општина Јегуновце се гордее со карате клубот Тигар 2003 Беловиште кој доаќа од мало место а произведува каратисти кој се рамо до рамо со големите светски клубови.

 

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце

Карате клубот „ТИГАР 2003“ од населено место Беловиште се врати со освоени 23 медали и соборен клубски рекорд од интернационалниот турнир „13 НОЕМВРИ“ одржан во Скопје

Општина Јегуновце 2017 година – Карате клубот „ТИГАР 2003“ од населено место Беловиште на интернационалниот турнир „13 Ноември“   одржан по повод ослободување на градот Скопје на кој активно учество имаат над 400 натпреварувачи  го оствари најголемиот клубски резултат и се врати со освоени 11 златни медали, 5 сребрени медали и 7 бронзени од кој: Славчо Мисајловски прво место ; Михаела Мишовска прво место; Никола Милевски прво место; Симона Симовска прво место; Дора Сибиновска прво место; Мелани Апостоловска второ место; Петар Ѓорѓевски второ место; Катја Апостоловска второ место; Сања Гавриловска второ место; Сара Матовска второ место; Ана Марија Мишовска трето место; Михаела Митовска трето место; Стефанија Савеска трето место; Катја Апостолоска трето место.

Машката ката екипа 2008 година, составена од: Мисајловски,Ѓорѓевски и Апостоловска 1 место; Женската ката екипа 2008 год составена од: Серафимовска,Апостоловска и Мисајловски 3 место; Женскиот тим во борба 2004-05 година составена од: Мишовска, Гавриловска и Мисајловски 1 место.

Општина Јегуновце предводена од градоначалникот Блажески се гордее на успесите на карате клубот „ТИГАР 2003“ и дава целоска подршка на истиот.

Изготвил:Стојанче Антовски

Општина Јегуновце