Поставени бехатон плочки на локална улица во населено место Копанце.
Инвестираме во локалната патна инфрастуктура, инвестираме во подобри услови за живеење, ја менуваме инфраструктурната слика во Општина Јегуновце.
Во периодов како локална самоуправа превземаме инфраструктурни проекти поврзани со санација, рехабилитација и бекатонирање на локални улици и тротоари во неколку населени места низ општина Јегуновце.
Според проектниот план за реконструкција на улици, најавувам активности и во другите населени места, ги слушаме проблемите на граѓаните, носиме одлуки и решенија, работиме посветено, чесно и транспарентно !


