Вести|

Интегрален текст на градоначалникот Димитар Костадиноски по повод отворањето на детската градинка во населено место Прељубиште.
Почитувани Пратеници, Почитувани колеги Градоначалници, Почитувани мои сограѓани и гости.
Ви благодарам што не удостоивте со Вашето присуство на овој свечен чин да посведочите за уште еден капитален проект во општина Јегуновце.
Ветеното се остварува, а општината денес е вистински сервис на граѓаните.
Општина Јегуновце денес е отворена и транспарентна институција, а јас како градоначалник сум постојано достапен за граѓаните. Мојата канцеларија и вработените во општина Јегуновце се секогаш на располагање и ги решаваме сите проблеми кои се од локална надлежност.
Во согласност со мојата програма и барањата на моите сограѓани, Ве информирам дека во изминативе месеци работевме вредно и посветено и успеавме да завршиме неколку капитални проекти и тоа:
* Завршена изградбата на колекторот за фекална канализација од с. Жилче до с. Шемшово и пуштање на употреба на фекалната канализација во Жилче.
* Во завршна фаза изградба на два мини паркови за деца во населените места Јанчиште и Јегуновце.
* Комплетна реконструкција на „ОУ Симче Настовски“ во Вратница и тоа: – поставена е нова термо фасада,
– реновиран целиот внатрешен дел на училиштето и
-инсталирано парно греење на пелети.
* Со помош на наш иселеник од Америка, изградивме кошаркарско игралиште во село Сиричино,
* Изградивме локални улици со бехатон плочки во повеќе населени места.
* Обезбедивме пластични канти за комунален отпад и истите ќе бидат поделени на секое домаќинство.

Почитувани присутни,
Дополнителни инвестиции во 2022 година се:
* Промена на досегашниот начин на затоплување во ПОУ во населените места Туденце, Жилче и Ратае со топлински пумпи со кои инвестираме во нова, модерна, економична и незагадувачка технологија за нашите најмлади жители.
* Израдба на тротоари во населените места Копанце и Јанчиште.
* Во фаза на тендерирање е проектот за реконструкција на локални патишта и улици во населено место Јегуновце.
Почитувани пријатели,
Денес сум многу среќен и радосен што успеавме да ја отвориме новата детска градина „ ЦВЕТОВИ “, кој ќе згрижува до 50 деца и тоа:
25 во македонска паралелка и
25 во албанска паралелка.
Градинката е целосно опремена и ги исполнува сите стандарди. Инсалирано е ново модерно парно греење со топлотна пумпа, Поставени се дополнителни детски реквизити во надворешниот дел како и комплетно оградување на целиот простор.
Градинката ЦВЕТОВИ е подготвена за дечињата од општина Јегуновце и од мое име и од име на целата општинска администрација, посакувам среќни и весели денови на сите дечиња и вработени од новата градинка.
Нека е аирлија
И во иднина да се гледаме за убави проекти и убави настани!
Благодарам !
Close Search Window