Заменик Министерот за образование и наука Агим Нухиу денеска беше во посета на општина Јегуновце каде оствари работна средба со градоначалникот Димитар Костадиноски.
На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу Министерството за образование и општина Јегуновце во делот на функционирањето на образованието, проблемите со кој се соочуваме како и овозможување на подобри услови на дечињата кој учат во основните училишта во општина Јегуновце.