Вести|

Почитувани Сограѓани,

Овој прашалник е наменет за испитување на јавното мислење во нашата општина а информациите од него ќе се користат за изработка на Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП).

ЛЕАП е документ што е важен за стратешкото планирање за управување со аспектите на животната средина и климатските промени.

За таа цел треба да ги слушнеме и консултираме потребите и грижите на нашите жители па  со помош од експертите да се идентификуваат недостатоците и потребите кои ги имаме како општина во управувањето со водите, отпадот, квалитетот на воздухот, шумите, уредувањето на просторот и земјиштето како и биодиверзитетот со кој располагаме и да предложиме мерки за подобрување на состојбите.

Законска обврска на секоја општина е да изработи ваков документ кој што е во траење од 6 години.

За да може да се дефинираат насоките и активностите за развој на нашата општина од неизмерна важност е да го одговорите овој прашалник и да ги споделите вашите размислувања.

Изработката на овој документ е во рамките на проектот „Промовирање на одржливо управување со земјиштето, преку зајакнување на правната и институционалната рамка, градење на капацитети и реставрација на најранливите планински предели“. Проектот е финансиски поддржан од страна на Глобалниот Еколошки Фонд, а спроведувањето оди преку UNEP.

Линк до прашалникот: https://forms.office.com/e/ZTweFVX1ZB

 

                                                                                       Градоначалник на општина Јегуновце

                                                                                              Димитар Костадиноски

Close Search Window