Вести|

Почитувани Сограѓани, 2021

Општина Јегуновце започнува со изработка на нов Локален еколошки акционен план – ЛЕАП (2024-2030 год.)

Локалниот еколошки акционен план претставува највисок локален стратешки документ за Општина Јегуновце за заштита, планирање и управување со животната средина. Законска обврска на секоја општина е да изработи ваков документ кој што е во траење од 6 години.

ЛЕАП-от како стратешки документ од суштинско значење, ги детектира актуелните состојби во областа на животната средина, дефинира и усвојува соодветни краткорочни и долгорочни мерки за разрешување на идентификуваните проблеми за граѓаните на Општина Јегуновце.

Согласно националната методологија за изработка на ЛЕАП номиниран е локален координатор кој е одговорен за секојдневните активности за изработка на ЛЕАП-от, членови на Локален управувачки комитет и формирани се работни групи за секоја од тематските области: воздух, вода, отпад, почва, природа и рурален развој.

Во овој процес сакаме да ги слушнеме и консултираме нашите жители, да ги идентификуваме недостатоците и потребите кои ги имаме како општина во управувањето со водите, отпадот, квалитетот на воздухот, уредувањето на просторот и земјиштето како и биодиверзитетот со кој располагаме и да предложиме мерки за подобрување на состојбите.

Сите оние граѓани кои активно сакаат да земат учество и да дадат свој допринос во некоја од работните групи за изработка на ЛЕАПот ги охрабруваме да се пријават и да ги остават своите податоци во општина Јегуновце, или да ја контактираат Марина Ѓорѓиевска, marina.gjorgjievska4@gmail.com. Рокот за пријавување на членови во работните групи е 30 март.

Изработката на овој документ е во рамките на проектот „Промовирање на одржливо управување со земјиштето, преку зајакнување на правната и институционалната рамка, градење на капацитети и реставрација на најранливите планински предели“. Проектот е финансиски поддржан од страна на Глобалниот Еколошки Фонд, а спроведувањето оди преку Програмата за животна средина на обединетите нации (UNEP).

Close Search Window