Вести|

Општина Јегуновце и ЈП Национални шуми отворија подрачна канцеларија на оваа институција во општина Јегуновце.

Жителите на општина Јегуновце, селата и месните заедници кои што гравитираат во општината ќе можат побрзо да дојдат до својот потребен документ или услуга која им е потребна а е од надлежност на ЈП Национални шуми.

Само со доближување на услугите кои се наменети за граѓаните, вистински ќе се унапреди квалитетот на животот и работењето на секој еден граѓанин.