Вести|

Премиерот Христијан Мицкоски на ден 30.11.2024 година ја посети општина Јегуновце, при што посети повеќе населени места во кои се реализирани проекти.

Прво го посети населеното место Туденце каде изграден е нов детски парк и уреден е кејот на река Вардар за потоа да го посетиме населеното место Раотинце каде што е извршено комплетно реновирање на внатрешниот дел на училиштето и поставување на термо фасада на надворешниот дел на цела училишна зграда.

Заедно со премиерот Христијан Мицкоски го посетивме и населеното место Јегуновце каде се врши комплетна реконструкција на локални улици во село Јегуновце и поставување на атмосферска канализација во должина од 3000 метри и асфалтирање на истите улици во должина од 3000 метри како и реновирање на спортската соблекувална.