Креирањето на Буџетот како и секоја година, ќе биде со активно учество на граѓаните во создавање на Буџет кој ќе биде за подобра општина Јегуновце.
Директната вклученост на граѓаните во овој процес, ќе го подобри квалитетот на локалните услуги, и ќе воспостави процес на одговорност, транспарентност и отчетност на локалната власт.
Општина Јегуновце, ги повикува сите граѓани своите предлози да ги испратат по електронски пат на официјалната е-маил адреса o-jegunovce@t.mk или директно во архивата на општина Јегуновце секој работен ден најдоцна до 03.12.2024 година.
Ќе бидат анализирани сите предлози од граѓаните и согласно финансиските можности ќе бидат интегрирани во нашите буџетски програми.