Вести|

Извршено е комплетно реновирање на внатрешниот дел од просториите во ПОУ во с.Туденце како и поставен е нов систем за централно греење со топлинска пумпа.
Со финансиски средства на Општина Јегуновце реновиран е целиот внатрешен објект, реновирани се сите кабинети за настава дополнително е изграден и нов кабинет, променети се вратите, поставен е систем со парно греење со топлинска пумпа со што е променет досегашниот начин на затоплување во нов поефикасен.
Со реновирање на внатрешниот дел од ова подрачно основно училиште учениците и персоналот добија соодветни услови за настава и работа.
Од посебна важност се инвестициите во образованието, ќе продолжиме да ги исполниме дадените ветувања.
Close Search Window