Извршено е комплетно реновирање на внатрешниот дел од просториите во ПОУ с.Сиричино, поставен е нов систем на централно греење со топлинска пумпа како и сменета е целата кровна конструкција со термо панел.
Сменета е целата кровна конструкција со термо панел, реновиран е целиот внатрешен објект, реновирани се сите кабинети за настава, променети се вратите, поставен е систем со парно греење со топлинска пумпа со што е променет досегашниот начин на затоплување во нов поефикасен.
Со реновирање на дел од ова подрачно основно училиште, учениците и персоналот добија соодветни услови за настава и работа.