Во тек е креирање на Буџетот на Општина Јегуновце за 2024 година, и оваа година ги вклучуваме граѓаните во креирањето на Буџетот.
Ги повикуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица да земат активно учество во креирање на новиот Буџет, каде ќе дадат свои предлози за подобрување на условите за живот, исто така и да ги искажат своите потреби.
Учеството на граѓаните во процесот се смета императив за благосостојбата на граѓаните. Ваквата директна вклученост на граѓаните ќе го подобри квалитетот на локалните услуги и ќе воспостави процес на одговорност, транспарентност и отчетност на локалната власт.
Општина Јегуновце ги повикува сите граѓани своите предлози да ги испратат по електорнски пат на официјалната е-маил адреса o-jegunovce@t.mk или директно во архивата на општината секој работен ден најдоцна до 05.12.2023 година.
Ќе бидат анализирани сите предлози и согласно финансиските можности ќе бидат интегрирани во нашите буџетски програми.