Вести|

Започнато е со асфалтирање на локална улица во населено место Ратае, каде жителите кои живеат во овој дел од општината, ќе имаат полесен пристап до своите домови.

Проектот опфаќа целосно асфалтирање на улицата со ширина од 3,5 метри и должина од 442 метри.

Со реализацијата на овој инфраструктурен проект се исполнува уште едно барање на граѓаните.Инфраструктурните активности кои стартуваа на почетокот на ова лето, продолжуваат и во следниот период.

Нови улици и инфраструктурни проекти кои го унапредуваат живеењето, го подобруваат движењето и решаваат важни локални проблеми.

Close Search Window