Во населено место Ратае, започнавме со изградба на нов колектор за фекална канализација, направивме увид во градежните активности каде во тек е изградба на дел од колекторот за фекална канализација.
Секое домаќинство на с. Ратае каде се простира овој колектор од фекална канализација, ќе биде приклучено на истиот, со што долгогодишниот проблем ќе го решиме.
Средствата за оваа реализација се обезбедени од буџет на општина Јегуновце, додека градежните активности ги изведува самото општинско јавно претпријатие -ОЈП Јегуновце.