Во населено место Туденце отпочнаа работни активности во рамките на проектот ,,Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион” за санација и регулација на коритото на горниот тек на река Вардар која ќе ги опфати и населените места Копанце, Раотинце, и Јегуновце.
Со реализација на овој проект се зголемува отпорноста кон поплавите во општина Јегуновце, која често е подложна на овој вид природни катастрофи.
Проектот е финансиран од Швајцарија, а кофинансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање кое го имплементира во партнерство со УНДП и општина Јегуновце.
На овој настан присуствуваа и претставник од УНДП г-дин Армен Григоријан и Министерката за животна средина и просторно планирање г-ѓа Каја Шукова.