Во зафршна фаза е оградување на детската градинка Јаболчиња во с. Прељубиште.
Градоначалникот лично направи увид во градежните активности, каде констатирано беше дека градежните активности се одвиваат според пропишаните проектни стандарди.
Со овој зафат ќе биде комплетиран уште еден проект кој благодет ќе видат нашите деца.
Во најскоро време очекуваме и официално отварање на оваа детска градинка која ќе биде во две паралелки на Македонски и Албански.
Според предвидениот капацитет се очекува да бидадат згрижени дополнителни 50 деца.










