Вести|

Продолжува стратешкото партнерство помеѓу Мен Енд Маунтен, Пивара Скопје и Пакомак, поддржано од Шпаркасе Банка и Нула Отпад, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со локалната самоуправа на општина Јегуновце во третата по ред еколошка акција – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД.
Учество зедоја и вработените од ОЈП вработените во локалната самоуправа на Јегуновце, учениците од ООУ „Симче Настовски “ како и волонтерите од пивара Скопје, заедно со останатите партнери и заинтересирани граѓани, го собираат отпадот на локација во атарот на селото Јажинце општина Јегуновце.
За собраниот отпад во текот на акцијата се погрижи општинското комунално претпријатие, Пакомак и Нула Отпад со соодветна селекција и рециклирање, а на сите локации имаше и тимови од Црвен Крст кои се грижат за безбедноста на волонтерите.
Отпадот што не окружува е наш производ. Ние луѓето сме го создале и сме го оставиле зад нас. Да покажеме совесност и одговорност за своето однесување кон природата, да се вклучиме во најголемата волонтерска акција „Генералка викенд“ и собирајќи го отпадот да и го вратиме сјајот на природата.
За секои 10 кг собран отпад садиме по едно дрво и создаваме нов живот со разновиден растителен и животински свет“
 
Close Search Window