Вести|

Во духот на новогодишните празници градоначалникот на општина Јегуновце г-дин Димитар Костадиноски ги посети ЈОУДГ ,,Јаболчиња” во населено место Јегуновце и ,,Цветови” во населено место Прељубиште, ги израдува најмилите со скромни новогодиши подароци.

Децата изненадени и среќни од новогодишните пакетчиња, не почестија со топол прием и топли искрени детски насмевки за потоа заедно да ја проследиме и театарската претстава ,,Црвенкапа и Дедо Мраз”

Радоста и насмевките на нашите најмили секогаш знае да не оттргне од секојдневните проблеми и случувања, затоа ние како одговорни лица имаме обврска да се грижиме за подобро утре на децата бидејќи тие се иднината на општина Јегуновце.

Среќна Нова 2024 година дечиња, останете среќни и имајте безгрижно детство.

Close Search Window