Вести|

На ден 16.12.2024 година, Министерот за дигитална транформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски го отворија новиот ,,Центар за услуги” во општина Јегуновце.

Околу 10.000 жители сега ќе можат да ги извршуваат сите административни потреби на едно место – брзо, лесно и без непотребно губење време за патување во Скопје или Тетово.

Преку дигитализацијата и подобрената организација, овој Центар е дел од нашата визија за ефикасна и достапна администрација. Граѓаните ќе добијат поддршка и за користење електронски услуги, со што дополнително се поедноставуваат бирократските бариери.