Вести|

На ден 13.12.2024 година се одржа Втората форумска сесија во општина Јегуновце, во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамките на проектот ,,Зајакнување на општинските совети- фаза 2” кој започна со реализација на Форуми во заедницата.

Програмата ,,Зајакнување на општинските совети – фаза 2” ја финансираат @Швајцарската влада и @Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации @UNDPMK во соработка со општина Јегуновце.

Во рамките на Втората форумска сесија, се презентираа резултатите од Првата форумска сесија. Потоа од страна на работните групи се презентираа и разработија концепти за предлог проекти, потоа следеше дискусија по предложените решенија и усвојување/гласање за поддршка на концептите за предлог проекти за да поминат во наредната фаза.