Вести|

Денеска Градоналникот на општина Јегуновце, направи увид на веќе започнати градежни активности, на изградба на нов крак на колекторот за фекална канализација во населено место Сиричино, крак кој ќе биде во должина од околу 500 метри.

Од направениот увид констатирано беше дека градежните активности се одвиваат според зацртаната динамика на изведба и овој проект се очекува да биде комплетиран предстојните неколку дена.

Инвестираме во подобри услови за живеење, ја менуваме инфраструктурната слика, продолжуваме максимално посветено за поубава општина Јегуновце.

Close Search Window