Завршен уште еден инфраструктурен зафат на проект, реконструкција и проширување на мост на локалениот пат во населено место Ротинце.
Со овој зафат значително се подобруваат условите за одвивање на сообраќајот на овие простори а жителите ќе можат без потешкотии да ги завршуваат своите обврски и безбедно да патуваат до потребната дестинација.
Во оптина Јегуновце мора да има подобрување на условите за живот преку реализирање на проекти и тоа ќе продолжи континуирано во сите населени места и во различни сфери од надлежност на локалната самоуправа.