Вести, Известувања|

Во периодот од 23 до 24 ноември 2026 година, претставници од општинската администрација на Општина Јегуновце и Општинското јавно претпријатие „Јегуновце“ реализираа студиска посета во градовите Козани и Флорина, Република Грција, со цел увид во современите капацитети и практики за управување со отпад.

Посетата беше организирана во рамки на проектот „Регионално управување со цврст отпад – Корпоративен развој и институционална поддршка (CDIS)“, финансиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO), а во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

За време на дводневната програма, учесниците имаа можност одблиску да се запознаат со функционирањето и позитивните европски практики на Интегрираниот центар за управување со отпад во Козани — вклучувајќи ја постројката за механичко-биолошки третман, центарот за рециклирање и санитарната депонија — како и со работата на Центарот за креативна повторна употреба во Флорина.

Општина Јегуновце и понатаму останува силно посветена на модернизација на комуналните услуги, примена на одржливи еколошки решенија и континуирана заштита на животната средина во интерес на сите граѓани.