Некатегоризирано|

По повод 16 Септември – Меѓународниот ден за заштита на озонската обвивка, учениците од ООУ „Александар Здравковски“ – Јегуновце спроведоа голема еколошка акција за чистење на населените места во нашата општина.

Со оваа иницијатива, младите испратија јасна порака дека вистинската грижа за животната средина и зачувувањето на озонскиот слој започнуваат од локално ниво. Во рамките на акцијата беа собрани значителни количини отпад, со што се придонесе кон почиста и поздрава животна средина.

Акцијата се реализираше со целосна поддршка и во соработка со Општина Јегуновце и Општинското јавно претпријатие, кои ја обезбедија потребната логистика за собирање и транспорт на отпадот.

Општина Јегуновце изразува голема благодарност до сите ученици, наставници и учесници кои со својот ангажман покажаа висока еколошка свест и пример за тоа како заеднички се гради почиста и поубава општина.