Вести, Известувања|

Општина Јегуновце ги информира средношколците од општината за можноста да се пријават на YES Semester Program (јануари – јуни 2027), програма за средношколска размена финансирана од U.S. Department of State.

Програмата им овозможува на средношколци од Северна Македонија да поминат дел од своето средно образование во Соединетите Американски Држави, да посетуваат американско средно училиште и да живеат во американско семејство-домаќин.

Преку учеството во програмата, учениците имаат можност да стекнат нови академски, лидерски и интеркултурни вештини, да запознаат нова култура и да ја претставуваат Северна Македонија како млади амбасадори на својата земја.

Кој може да аплицира?

Право на аплицирање имаат ученици кои во учебната 2026/2027 година посетуваат:

  • 1ва година
  • 2ра година, или
  • 3та година средно образование.

Краен рок за пријавување

📅 15 септември 2026 година

Ги охрабруваме сите заинтересирани средношколци да се информираат за условите и начинот на аплицирање и навреме да ја поднесат својата пријава.

🔗 Повеќе информации за програмата:
https://northmacedonia.americancouncils.org/yes-mk

🔗 Директен линк за аплицирање:
https://ais.americancouncils.org/cgi-bin/WebObjects/AIR.woa/wa/login?brand=yes

Општина Јегуновце ги охрабрува младите да ги искористат можностите за образование, размена и личен развој и да бидат дел од ова уникатно меѓународно искуство.