Општина Јегуновце продолжува со реализација на проекти наменети за подобрување на урбаната опрема и квалитетот на живот на граѓаните. Во текот на изминатите денови, успешно беа поставени нови летниковци во населените места Туденце, Ратае, Копанце и Јегуновце.
Оваа активност се спроведе како директен одговор на барањата и потребите на локалното население, со цел да се обезбедат уредени катчиња за одмор и дружење.
Финансирање: Средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од буџетот на Општина Јегуновце.
Локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи да инвестира во подобрување на инфраструктурата и исполнување на потребите на жителите во сите населени места.
