На ден 20.11.2024 година (среда) се одржа првата форумска сесија во општина Јегуновце, во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамките на проектот ,,Зајакнување на општинските совети- фаза 2” кој започна со реализација на Форуми во заедницата.
Програмата ,,Зајакнување на општинските совети – фаза 2” ја финансираат @Швајцарската влада и @Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации @UNDPMK во соработка со општина Јегуновце.
Во рамките на Првата форумска сесија, учестуваа граѓани од различни области од општина Јегуновце, кои избраа една од понудените теми на која ќе се работи на следните форумски сесии каде што ќе излезат проектни идеи/концепти за предлог проекти. Со нивно активно учество на оваа сесија, дискутираа за актуелните проблеми со кои се соочуваат и понудија решенија за истите.
Се надеваме на успешна соработка со граѓаните до крајот на сите четири сесии и избор на проект кој ќе биде за доброто на сите кои живеат во општина Јегуновце.




