Градоначалникот на општина Јегуновце присуствуваше на завршна приредба во детските градинки Јаболчиња во Јегуновце и Цветови во Прељубиште.
Како што е редот, со песни и рецитирање дел од дечињата се збогуваа со градинката и нивните учителки. Од септември, како првачиња пред нив се нови предизвици во училиште.
Им посакуваме да имаат многу успех понатаму и да прераснат во успешни и драгоцени личности.
