Вести, Настани|

Почитувани жители на Општина Јегуновце,

Со задоволство Ве информираме дека на ден 08.05.2026 година (петок), Општина Јегуновце во соработка со MAN AND MOUNTAIN веќе четврта година организира еколошки активности под мотото „GENERALKA WEEKEND“, која претставува најголема национална еколошка акција за чистење на селектиран отпад на јавни површини и истата е поддржана од Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и многу други партнери од државен и приватен сектор. Активноста е од едукативен и општествен карактер, насочен кон подигање на еколошката свест кај младите и локалната заедница.

Во активноста ќе учествуваат ученици од VI и IX одделение, наставен кадар од образовните институции, ОЈП-Јегуновце, Екопарк НБ-Копанце, Општинска администрација и сите доброволни граѓани. Учесниците ќе се движат во неколку групи распределени низ цела територија на Општина Јегуновце.

Со почит,
ОПШТИНА ЈЕГУНОВЦЕ
Градоначалник
Димитар Костадиновски