Вести|

На ден 17.01.2024 во просториите на Општина Јегуновце, е потпишан Меморандум за соработка помеѓу општина Јегуновце застапувана од градоначалникот г-дин Димитар Костадиноски и Проектот ”Потпри се на младите” финансиран од Европската унија, спроведуван од: Македонска Развојна фондација за претпријатија како носечки партнер и Рурална Коалиција, Џуниор Ачивмент Македонија и ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери, за оваа намена застапуван од страна на г-ѓа Ленка Угриновска, претседател на ЕЛИТ – Здружение на жени менаџери.

Овој Меморандум има за цел воспоставување на соработка помеѓу проектот ”Потпри се на младите” и општината во делот поддршка за воспоставување на локалните младински совети.

Потписниците на овој Меморандум ќе ги извршуваат активностите на начин предвидени со овој Меморандум, притоа почитувајќи ги соодветните прописи на кои подлежи нивното работење, добрите деловни практики и деловна етика.

Се надеваме на успешна соработка и подобрување на животот на младите во нашата општина, за да имаат можност да просперираат и да стекнат нови знаења.

 

Close Search Window