Некатегоризирано|

Поставени уште три нови автобуски постојки во населените места Беловиште, Старо Село и Јажинце
Сакајќи да им излеземе во пресрет на барањата на жителите и водејќи грижа за нивните реални потреби, како општина Јегуновце неделава поставивме автобуски постојки во населените места Беловиште, Старо Село и Јажинце.
Со изградбата на новите автобуските постројки им излеговме во пресрет на барањата на жителите од нашата општина водејќи грижа за нивните реални потреби. Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од буџетот на Општина Јегуновце.
Ова е уште еден реализиран проект со кој секојдневно докажуваме дека решавањето на проблемите и потребите на граѓаните продолжува.
Close Search Window