На ден 24.09.2025 (среда) со почеток во 10:00 часот, се одржа последната седница на Советот на општина Јегуновце.
На дневен ред беа вклучени следните точки:
- Усвојување на Записник од шеесетата седница на Советот на Општина Јегуновце и
- Предлог- оперативен план за зимско одржување на локалната патна мрежа и улиците во населените места во Општина Јегуновце за 2025/2026 година.
По разгледувањето, Советот донесе одлуки и заклучоци по сите точки од дневниот ред. Седницата се одвиваше во салата на Советот, со присуство на членовите на Советот, градоначалникот и претставници од општинската администрација.
