Вести|

По повод 18ти Декември, Денот на општина Јегуновце, одбележуваме 28 години од констируирањето на првиот Совет на општина Јегуновце и формирање на општина Јегуновце како единица на локална самоуправа.

Во знак на благодарност, градоначалникот на општина Јегуновце г-дин Димитар Костадиноски додели благодарници за особен придонес и промоција на општина Јегуновце на учениците од основните училишта од општина Јегуновце, како и на директорите на училиштата и градинките и на тренерите на спортските клубови кои беа симболично финансиски наградени за постигнатите резултати и промоција на општина Јегуновце.

Им посакуваме уште поголеми успеси и во оваа година што следи.

Нека е честит 18ти  Декември, Денот на формирањето на општина Јегуновце.