Вести|

Градоначалникот на општина Јегуновце заедно со претставници од општината одржа состанок и средби со граѓаните за креирање на Буџетот за 2025 година.

Граѓаните имаа можност да ги дадат своите предлози и идеи и да дискутираат на теми поврзани со буџетот за наредната година.

Со активното учество на граѓаните,  ќе се придонесе во создавањето подобри услови за живот и работа во нашата општина.

Сите предлози се разгледани, и со општинскиот Буџет за 2025 година ќе се решат многу проблеми кои ги засегаат граѓаните и ќе се имплементираат нови проекти.

Сите заедно учествуваме за подобра, модерна и просперитетна општина Јегуновце.