Вести, Известувања|

Се известуваат сите жители на општина Јегуновце, дека на ден 12.06.2025 (четврток) и 13.06.2025 (петок) Компанијата ТРУЛИ НОЛЕН  во соработка со општина Јегуновце ќе ја реализира првата терестичка дезинсекција на подрачјето на општина Јегуновце, за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетници.

Дезинсекцијата ќе се изведува навечер после 22:00 часот до раните утрински часови.

Воедно, ги известуваме сите пчелари навремено да ги заштитат нивните пчели.

Во случај на неповолни временски услови истата ќе биде одложена за што дополнително ќе ве информираме.